Пријавувањето се врши во три чекори: податоци, маица и дополнителни маици, плаќање. Пријавата се смета за комплетирана дури по успешно извршено плаќање. Котизацијата зависи од периодот во кој се врши плаќањето, а не од датумот на пријавување. Ако пријавата е направена во Раниот период, а плаќањето е извршено во Редовниот период, се применува цената од Редовниот период. Стартниот број не се доделува веднаш, туку по затворањето на пријавите. По овој чекор, на е-адресата наведена во пријавата се испраќа потврда со врска за продолжување кон плаќањето. Полињата означени со * се задолжителни.
Раниот период трае додека не се исполни бројот на плаќања утврден за дистанцата. Вкупниот број на учесници е ограничен на 350. Во онлајн плаќањето со картичка се пресметува провизија од 4% за банкарски трошоци и одржување.
Доколку е потребна помош или има проблеми со пријавувањето или плаќањето:
Контактирајте нè на kmut.mk@gmail.com










